Hyperloop постави нов рекорд со својата брзина

- Advertisement -

Додека уште чекаме да дојде времето кога ќе се возиме во електромагнетни возови кои ќе се движат по подземни вакуум цевки тим од студенти од Техничкиот универзитет во Минхен со својот прототип на постигнаа рекордна брзина за Hyperloop. Новиот рекорд е постигнат на годишниот натпревар SpaceX Hyperloop Pod Competition и сега изнесува 464 км/ч. Студентите од Минхен со ова го срушија и сопствениот рекорд од 2018 година, кој изнесувал 457 км/ч, а како изгледа нивната стаза можете да видите од видеото подолу.

За да се признае рекордот прототипот на Hypeloop морал да ја помине тест-цевката со должина од една милја или 1,6 км, се до 30 метри пред крајот на стазата, а потоа да закочи и безбедно да застане. Техничкиот универзитет од Минхен во последниот обид успеал да достигне брзина од 482 км/ч, но таа не е признаена затоа што возот не застанал, туку на крајот удрил во ѕид и се запалил.

- Advertisement -

Крајната цел на овие тестови е да се оствари брзината која ја замислил идејниот творец на Нyperloop, Илон Маск, кој предвиде дека овие возови ќе се движат со брзина од 1.200 км/ч, па со нив растојанието од Лос Анџелес до Сан Франциско ќе се поминува за помалку од 30 минути, додека со автомобил истото се поминува за 6 часа.

Новото возило на Техничкиот универзитет од Минхен е тешко околу 70 кг, има каросерија од карбонски влакна и систем за магнетна левитација над „пругата“, а проектот се развива во спонзорство на Airbus.

Сподели!
- Advertisement -