Marea, подводниот кабел кој ја поврзува Северна Америка и Европа конечно е поставен на дното на Атлантскиот Океан. Кабелот е долг 6.600 километри, а најдлабоката точка на која лежи изнесува повеќе од 5 километри од површината. Кабелот се протега од Вирџинија Бич во американската сојузна држава Вирџинија се до Билбао во Шпанија.
Кабелот ќе овозможи проширување на cloud капацитетот поради големиот раст на побарувачката, а податоците ќе ги пренесува со брзина од 160 терабита по секунда. Marea е резултат на соработката на компаниите Microsoft, Facebook и Telxius. Уште од креирањето на првиот телеграф подморските кабли се користат за комуникација меѓу исклучително оддалечени точки како што се Европа и Америка.Моментално под светските океани лежат десетици различни комуникациски кабли, вклучувајќи и оптички кабли за Интернет.
(Klix.ba)