„Кока кола“ и „Пепсико“ го напуштаат лобито на производители на пластика

- Advertisement -

Компаниите „Кока кола“ и „Пепсико“, двата најголеми продавачи на пластични шишиња со пијалак, решија да го напуштат лобито на производители на пластика.

И двете компании за безалкохолни пијалаци работат на зголемување на употребата на еколошки прифатлива пластика, односно сакаат да ја подобрат својата инфраструктура за рециклирање и да се осигурат дека користат производи што може да се рециклираат.

- Advertisement -

Всушност, производителите не се согласуваат со кампањата на Здружението од индустријата за пластика поради што во САД забраната на пластика е прогласена за незаконска.

Здружението зазема ставови што не се во целост во согласност со нашите обврски и цели, објавија минатата недела од „Кока кола“ истакнувајќи дека компанијата се повлекла од групата порано годинава.

- Advertisement -

Прекинувањето на соработката со Здружението од индустријата за пластика е знак дека компаниите сфаќаат оти не може јавно да промовираат свест за животната средина додека финансиски поддржуваат здружение што лобира за континуирана примена на пластика за еднократна употреба, изјави Џон Хочевар, директор на „Гринпис САД-океани“.

Сподели!
- Advertisement -