Овие фарми на кров во Њујорк ја користат дождовната вода за производство на зеленчук

- Advertisement -

Овие неверојатни фарми на крововите во Њујорк ја претвораат дождовната вода во зеленчук и на тој начин произведуваат одржлива храна за локалното население. Фармите собираат милиони литри дождовна вода годишно, која ако не се собере може да направи проблеми во одводниот систем на градот. Фармите ја користат водата за да произведат 36 тони продукти.

Зеленчукот се одгледува во почва со длабочина од 25 см, а како ѓубриво се користи компост од отпад од храна. Зелените покриви исто така го намалуваат загревањето на воздухот во градот и ја намалуваат потрошувачката на енергија за ладење. Во нив живеат и 40 пчелни семејства.

- Advertisement -

Половина од продуктите кои ги произведуваат фармите се продаваат на локални ресторани, а остатокот на локалното население. Поради растот на популацијата во светот мора да најдеме други начини на производство на храна, а бидејќи се повеќе луѓе живеат во градски средини, фармите на кров се одличен начин да се искористи просторот кој не се користи воопшто. Истовремено, со тоа се намалува потребата за транспорт на храна и се намалува емисијата на стаклeнички гасови.

These incredible rooftop farms in New York turn rainwater into vegetables

Getting your five-a-day from the Big Apple. 📕 Read more: https://wef.ch/2MvtUNa Brooklyn Grange

Posted by World Economic Forum on Среда, 21 август 2019

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -