Заврши првата фаза од дигитализацијата на царинското работење

- Advertisement -

Царинската управа известува дека почнувајќи од петок, 23.08.2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) се става во функција и во ЦИ Гевгелија, ЦИ Богордица и ЦИ Табановце. Сите царински декларации почнувајќи од овој датум,  во наведените царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.

Од царинската управа во соопштението објавено на нивната веб страница, се напоменува дека економските оператори кои ќе поднесуваат царински декларации и во  овие испостави, треба да ги исполнат основните услови за да можат да поднесат електронска царинска декларација, односно треба да:

- Advertisement -

• Поседуваат електронски потпис (сертификат);
• Имаат одобрен пристап до СОЦДАД;
• Поседуваат одобрение за застапување.

Со вклучувањето на трите најголеми царински испостави, од 23.08.2019 година СОЦДАД ќе се применува во сите царински испопстави, со што завршува првата и најзначајна фаза од дигитализацијата на царинските постапки.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -