Илон Маск има нов план како да ја прилагоди Црвената планета за луѓето

- Advertisement -

Илон Маск со години зборува за тоа дека ако сака да опстане, човечката раса мора да размисли за колонизација на други планети и мора да имаме план Б ако се појави некоја голема закана за животот на Земјата. Како планета која би можела да послужи како замена за Земјата, според Маск, е Марс и неговата компанија SpaceX веќе за пет години отсега планира да го испрати првиот човечки екипаж на Црвената планета. Потоа би следувале нови мисии со астронаути и инфраструктура на Марс за да почнат подготовките за изградба на населби во кои би владееле услови кои ќе им одговараат на луѓето.

Додека за многумина ова звучи како некој филм, SpaceX веќе тестира нова ракета со која сакаат да го освојат Марс, а повикаа и други компании и научници да им помогнат во подготовката на мисијата и логистиката затоа што тие првенствено се транспортна компанија. Но, за долгорочно да овозможат подобри услови за живот на Марс и да го претворат во планета слична на Земјата, Маск веќе некое време има прилично контроверзна метода – сака да ги гаѓа половите на планетата со нуклеарно оружје. Таквото бомбардирање би довело до испарување на водата од ледот на половите на планетата, би се испуштил јаглерод диоксид и би се создал ефект на стакелна градина. Со тоа Црвената планета би станала погостољубива за луѓето.

- Advertisement -

Научниците не се сложуваат со тоа и сметаат дека претворањето на Марс во планета на која ќе владеат услови поволни за живот не е возможно со користење на постојните технологии. Ако веќе не може со бомбардирање, Маск има нов план за загревање на Марс – сака да користи големи огледала кои би ја рефлектирале сончевата светлина на неговата површина. Маск на Twitter објави дека би имало смисла да лансира илјадници сателити кои би кружеле околу Марс и би се користеле како соларни рефлектори за да се загрее површината на планетата.

Сподели!
- Advertisement -