Њујоршкиот бренд Syro направи колекција штикли дизајнирани исклучиво за мажи

- Advertisement -

Њујоршките дизајнери од брендот Syro креираа колекција птикли исклучиво за мажи и родово неусогласени личности. За Шаобо Хан и Хенри Беј, кои се соосновачи на брендот Syro, мажите во штикли се прилично ризичен тренд. Создавајќи високи потпетици за мажи и родово неусогласени личности тие ја негуваат заедницата на креативни личности заинтересирани за експериментирање со потпетици во секојдневни прилики. Како што велат, овој процес е од голема важност и за нивните сопствени ситуации со родовиот идентитет.

Имено, Хан и Беј сакале да носат штикли во нивна големина, меѓутоа на пазарот речиси никаде не можеле да го пронајдат она што го барале. Пред да дизајнираат сопствени штикли, дизајнерскиот пар главно носеле високи потпетици за Денот на вештерките или за Парадата на гордоста. Откако почнале да го тестираат пазарот во 2016 година, добиле огромна поддршка од целиот свет, па сега се одлучиле и да ги направат високите потпетици достапни за мажите.

- Advertisement -

Меѓу луѓето кои ги поддржуваат е и музичарот Сем Смит. „Првите штикли во големи броеви стануваат реалност. Ние сме дел од многу поголемо генерациско движење“ вели Шаобо. Како што велат њујоршките дизајнери, нивните купувачи се луѓе кои го сакаат животот и сакаат да бидат слободни.

„Тоа се луѓе кои се караат, прават проблеми и се бунтовни, но ние ги сакаме поради тоа“ додава Шаобо.

- Advertisement -

Во колекцијата Syro може да се најдат различни модели на високи потпетици – од класични до екстравагантни во висока дебела или тенка пета. Шаобо и Хенри инспирацијата за новите модели ја пронаоѓаат во декојдневните разговори за личните желби. „Разговорот отприлика оди вака: Сакам женски чизми, но со дебела и цврста пета. Предниот дел да биде поширок за да ми биде поудобно…“ откива Шаобо.

Токму такви и се нивните чевли – удобни и стабилни, тврдат нивните бројни купувачи. Сите модели на Syro може да се купат преку нивната онлајн-продавница, а чинат од 160 до 250 долари.

Сподели!
- Advertisement -