Доналд Трамп вчерашниот ден го започна со твит преку кој се пресметува со „Аксиос“ и ги обвинува дека прават сè за да го посрамотат претседателот.
Кои се луѓето кои стојат зад “Аксиос“, а кој за кратко време стана еден од најпосетените американски медиуми? Како, во време кога медиумите се борат да пронајдат одржлив модел на работење, тие создадоа еден од најуспешните медиумски модели на работење во САД?
„Како медиумите успеаја да најдат нови модели на огласување, каква содржина произведуваат, како можат билтените да станат профитабилни, зошто Трамп ги предизвикува – на сите овие, но и на многу други прашања кои ги интересираат сите оние кои ги следат медиумите, на Викенд Медиа Фестивал ќе даде одговор Сара Фишер, стручно лице за медиумски трендови од „Аксиос“. Нејзиниот билтен „Axios Media Trends“ секојдневно го следат сите медиумски професионалци низ целиот свет“, истакна Никола Врдољак, директор на фестивалот.
„Аксиос“ е еден од најпопуларните медиуми и новински портали во САД, основан во 2016 година од страна на поранешниот основач и вработените во „Политика“. Сара Фишер е автор на „Axios Media Trends“, билтен што ги анализира трендовите во медиумите. Пред да се придружи на „Аксиос“, Сара работела во „Вашингтон пост“, „Њујорк Тајмс“, „Си-Ен-Ен“ и во „Политика“.
Овогодинешниот, дванаесетти Викенд Медиа Фестивал кој се одржува од 19. до 22. септември во Ровињ, покрај интересните предавања, провокативни, но и конструктивни дебати околу трендовите во медиумската индустрија, познат е и како место за најдобра забава.
Кои се новинарите од “Аксиос“ и зошто нивната уредничка политика толку многу го нервира Доналд Трамп?
- Advertisement -
- Advertisement -