Познат научник смета дека со нашата планета во иднина би требало да владеат киборзи, кои нема да се свртат против луѓето, но нема ни да живеат во идиличен соживот со човечкиот род.
Се доближуваме до последната еволуциска фаза по која со Земјата ќе владеат киборзи, а на луѓето им се пишува црно. Ова радикално размислување неодамна го изнесе познатиот 100-годишен научник Џејмс Ловелок.
Секако, единствена вистина е дека никој не знае што ни нoси иднината, особено денес во услови на неверојатно брз развој на технологијата, роботиката и вештачката интелигенција, но секако е интересно да се прочита и слушне кои се можните сценарија за иднината.
Според Ловелок, крајот веќе започнал, а за прв чекор кон последата етапа на човештвото го нагласил AlphaGo, програма базирана на вештачка интелигенција која не само што научила да ја игра играта Go, туку ги поразила и најдобрите играчи на светот.
Незапирливи машини: Роботите за секс би можеле да ги нападнат своите корисници
Она во што не треба да се сомневаме е дека вештачката интелигенција ќе биде се понапредна и Ловелок верува дека во иднина ќе биде милион пати попаметна од луѓето. Тогаш на Земјата нема да доминираат луѓето, туку киборзи (организми кому им се додадени надворешни компоненти со цел да се адаптира на нова околина) кои тој ги опиша како “самодоволни и самосвесни потомци на денешните роботи и системи за вештачка интелигенција“. Тие нема да се свртат против луѓето, но нема ни да живеат во идиличен соживот со човечкиот род.
Ни нема помош
Киборзите би требало да бидат сами свои газди. Нивното размислување ќе биде напредно и нема да има форма каква што ние денес ја замислуваме, а можно е да живеaт само во виртуелна форма во компјутерите. На почеток дури би можеле да имаат слични интереси како луѓето во смисла на зачувување на климатските услови (ни на луѓето ни на машините им одговара температура од 50 степени), но со тек на време би можеле да си поиграат со климата, вегетацијата и условите на Земјата и да ги прилагодат на себе. Со оглед на тоа дека не се потребни вода и кислород би можеле да направат растенија и дрвја кои нема да произведуваат кислород, туку електрична енергија што би значело крај за човештвото. Тогаш киборзите целосно би завладеале со планетата како последен еволуциски вид, кој никој не би го наследил.
Роботите ќе преземат 20 милиони работни места, но и ќе ја зголемат продуктивноста и економскиот раст. Тој вид на земјата би можел да трае околу милијарда години се додека површината на планетата не стане прежешка и за вештачки живот. Поради тоа и тие би ја напуштиле Земјата и би барале нова планета со подобри услови.