Тие меѓу вас што размислуваат за промена на географската ширина и должина, а немаат пари за фрлање, можат да размислуваат за преселување во Грција, Италија или да се упатат преку океани. Еве пет места во светот кои не само што нема да ве чинат многу за преселување, туку и ќе ви платат за да живеете таму.
Антикитера, Грцијa
Иако е опкружена со прекрасна убавина и море, Антикитера не е популарна туристичка дестинација. Се наоѓа на околу 40 км од Крит, а најголем дел од постојаното население живее во едно населено место на островот – Потамос. За да ја подмлади својата демографска слика повикува цели семејства кои ќе добијат куќа, земјиште и месечна стипендија од 500 евра, која ќе им се исплатува во текот на првите три години.
Тулса, Оклахома, САД
Тулса во американската сојузна држава Оклахома нуди околу 9.000 евра на оние кои се спремни таму да се вработат и да останат една година. Избраните кандидати можат да се преселат во нови станови, за плаќаат само 33% од реалната цена за кирија, а режиските трошоци ќе бидат бесплатни првите три месеци. Целта на оваа програма е да се привлеќе амбициозна работна сила во Тулса.
Локана, Италија
Ако се преселите во италијанска Локана во провинцијата на Торино, можете да добиете дури 9.000 евра, но само ако исполнувате два услови. Едниот од нив е да имате дете, а другиот е годишно да заработувате најмалку 6.000 евра. Градот имал популација од 7.000 жители на почетокот на 20. век, а сега има само 1.500 жители. Локана е сместен во национален парк, па има многу можности за активен живот и релаксација.
Самбука, Италија
Властите на градот Самбука на Сицилија одлучиле да го спасат градот од исчезнување со продажба на недвижности за 1 евро. Бидејќи градот е сопственик на куќите и становите, сите кои сакаат можат да купат недвижност по цена од само 1 евро. Единствениот услов е новите сопственици во рок од три години да инвестираат најмалку 15.000 евра за уредување на домот.
Чиле, Јужна Америка
Со цел да стане иновациски центар на Јужна Америка, Чиле од 2010 година ги повикува заинтересираните луѓе од целиот свет да се преселат таму и да го развијат својот стартап. Одличните ментори, едногодишната виза, добрите услови за работа, како и субвенциите од десетина илјади долари се само некои од причините зошто се повеќе млади одат таму во потрага по подобри услови за работа.
Пет места во светот кои ќе ви платат за да се преселите таму
- Advertisement -
- Advertisement -