Во Берлин можете да изнајмите еден квадратен метар земја за да посадите бавча. Миленијалците во Германија се вљубеници во урбаното градинарство и сакаат на одржлив начин самите да одгледуваат зеленчук и овошје за истовремено да можат да избегаат од градскиот живот.
Со децении наназад изнајмувањето мали парцели земја беше популарно кај постарите генерации Германци. Земјата има 1 милион парцели за изнајмување со просечна површина од терен за кошарка. Но, од 2011 година наваму просечната возраст на луѓето кои изнајмуваат земја за бавчи се намали за 5 години.
Половина од парцелите изнајмени во изминатите 10 години се на млади семејства, а се појавуваат и алтернативи за традиционалното изнајмување парцели. Се појавуваат зелени површини на кровови, во дворови од згради и на паркинзи. Малите општински градини како што е Химелбит овозможуваат изнајмување на мини парцели.
Миленијалците сакаат самите да одгледуваат органска храна без да користат пластична амбалажа и без да се загадува воздухот со транспортот на храната на илјадници километри. За младите возрасни личности денес одржливоста е главен приоритет. Еден од четворица миленијалци би платил 50% повеќе за храна што е одгледана еколошки.
Урбаните градини овозможуваат и бегство од работата и од дигиталниот свет. Научниците докажаа дека градинарството може да не направи поздрави и посреќни. Дури и луѓето кои немаат изнајмено парцела може да се прошетаат низ зелените градини.
In Berlin you can rent just one square metre of land to farm
Germanating seeds.📕 Read more: https://wef.ch/32kKROr
Posted by World Economic Forum on Вторник, 03 септември 2019