Еве една загрижувачка вест за веганите. Веганската исхрана може да го намали коефициентот на интелигенција не само кај веганите, туку и кај нивните деца. Ова е последица на недостатокот на хранливи состојки кои се потребни за здравјето и функционирањето на мозокот, тврди нутриционистката Ема Дербишир.
Исхраната базирана на растенија има недостиг од хилин, хранлива состојка која oвозможува нормален тек на нервните импулси, вклучувајќи ги и интелектуалните процеси како што е памтењето, пишува Daily Mail.
Холинот кој се наоѓа во месото, рибата, јајцата и млечните производи е многу битен и во бременоста затоа што придонесува за здрав развој на детскиот мозок. Дербишир е загрижена затоа што истражувањата покажуваат дека во некои земји се помалку се јаде месо, што може да се одрази на идните генерации.
Веганската исхрана ја намалува интелигенцијата кај децата, тврдат некои нутриционисти
- Advertisement -
- Advertisement -