Велосипедот со филтер за прочистување на воздух, проект на студенти на Машинскиот факултет, доби два златни медали и диплома за најдобар пронајдок во Сеул, Јужна Кореја.
Пронајдокот е дело на студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ.
Тимот доби златни медали од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област и Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија. Дипломата за најдобар пронајдок ја добија од Центарот за жени иноватори на Узбекистан.
Студентите беа во придружба на вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов, со кои учествуваа на 12-тата по ред меѓународна изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019.
Изложбата беше во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA, со поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.