Почна со работа најголемиот парк на ветар во Србија

- Advertisement -

Србија доби уште еден, сосега најголем, парк на ветар, кој ќе може да снабдува со струја дури 68.000 домаќинства. Паркот Ковачица е сместен меѓу Дебељаче и Црепаје, кон Ковачице. Израелскиот инвеститор Enlight Еnergy во паркот досега има инвестирано 189 милиони евра.
Паркот се простира на површина од 3.711 хектари. Има 38 ветрогенератори со вкупна моќност од 104,5 мегавати. Овој проект е многу битен не само поради енергетската сигурност, туку поради и намалувањето на емисијата на штетни гасови. Емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата благодарение на паркот на ветар ќе биде помала за околу 250.000 тони годишно.
Инаку, ова е петти парк на ветар во Србија. Ќе биде изградени уште четири, од кои три веќе се во фаза на градба, а едниот е во подготовка. Овие инвестиции се битни затоа што благодарение на енергијата од ветрот Србија ќе може да ги исполни обврските од Европската унија за обезбедување чиста енергија. Србија се обврза да произведува 27% од енергијата од обновливи извори.

Сподели!
- Advertisement -