Актерот Харисон Форд упати порака од самитот за климата на Обединетите нации: „Ни гори куќата, а ние напразно зборуваме“

- Advertisement -

Легендарниот актер Харисон Форд имаше свое обраќање пред Генералното собрание на Самитот за климaтските промени на Обединетите нации за потребата да ги заштитиме прашумите. Во таа прилика тој истакна дека сите млади луѓе кои се револтирани и се организирани за успешна борба против климатските промени, како и мноштвото млади активисти се подготвени да ги спасат тропските прашуми и планетата Земја сами ако им се тргнат од патот светските лидери.
Форд зборуваше во својство на потпретседател на непрофитната организација за заштита на животната средина „Conservation International“ и побара конечно да ги спасиме прашумите, а не само да разговараме за тоа.
„За спасување на Амазон зборуваме веќе 30 години. Уште разговараме за тоа. Најголемата тропска прашума во светот, Амазон, е пресудна за секое решение за климатските промени поради својот биодиверзитет, слатката вода, воздухот кој го дишиме, поради нашиот морал. И сега таа прашума гори. Кога гори некоја соба во нашата куќа, ние не велиме дека гори собата, туку дека гори куќата. Ние имаме само една куќа и сега таа гори“, рече легендарниот актер.

Сподели!
- Advertisement -