Nestle ќе прави 1.500 рачно изработени варијанти на KitKat

- Advertisement -

Швајцарскиот кондиторски гигант Nestle најви нови луксузни рачно направени комбинации на својот популарен бренд KitKat. Најавени како најголема иновација во последните две децении, чоколатцата практично ќе ги креираат самите купувачи кои ќе можат да изберат и персонализирана амбалажа.
Станува збор за лимитирано издание кое ќе се најде во продажба во Велика Британија за време на божиќните празници. Како што наведуваат од компанијата, купувачите ќе можат да направат ни помалку, ни повеќе туку 1.500 комбинации, а тоа задоволство нема да биде баш евтино затоа што едно чоколатце ќе чини 14 фунти или околу 16 евра.
 


Секое чоколатце ќе биде рачно направено. Ова не е прв пат Nestle да се обиде да оди чекор во чекор со вкусот на потрошувачите, а посебно беше успешна минатогодишната иновација која беше направено KitKat од розова чоколада.

Сподели!
- Advertisement -