Хакери ќе можат да ги украдат вашите отпечатоци од прсти од фотографии

- Advertisement -

Информатички експерти предупредуваат дека корисниците на Интернет не треба повеќе да поставуваат фотографии на социјалните мрежи на кои им се подигнати два прсти или поставени во знакот на победа. Експертите предупредуваат дека поради напредокот на технологијата личните податоци на луѓето може да бидат загрозени доколку биде снимена фотографијата со популарниот гест.
Според претставници од компанијата Information Security Trade Association од Шангај, криминалците можат од таквите фотографии да ги искористат отпечатоците од прсти. Тие нагласуваат дека таквите фотографии не би требало да се објавуваат на социјалните мрежи доколку се направени од поблиску од три метри.
„Криминалците со помош на принтери потоа прават модели на раце и подоцна ги користат за идентификација со отпечатоци од прсти“ велат експертите.

Сподели!
- Advertisement -