Мобилната апликација „мЗаедница “ добитник на Европската награда за млади 2019 (European Youth Award 2019)

- Advertisement -

Жири Комисијата на Европската награда за млади (European Youth Award 2019) на средбата во Сараево ја избра мобилната апликација „мЗаедница“ за победник во категоријата Активно граѓанство- дигитално решение со влијание врз општеството!

„мЗаедница“ е иновативно дигитално решение за активно граѓанско учество на Центарот за Социјални Иновации Блинк 42-21 продуцирна од проектниот тим Зорица Велковска, Моника Јандревска, Кристијан Трајковски и Симон Стојановски и проектниот директор Милан Танчески. Европската награда за млади е уникатно европско движење кое ја наградува креативноста и ентузијазмот на младите креатори на дигитални содржини кои веруваат во моќта на технологијата и интернетот за да влијаат врз општеството и да го направат светот подобро место за живеење. Европската награда за млади е дел програмата на Европската Унија – Европа за граѓаните и ги поддржува социјално вредните дигитални проекти кои се однесуваат на целите дефинирани од Советот на Европа, Европа 2020 и Платформата за знаење за одржлив развој на Обиденетите Нации.
„Нашиот тим имаше визија да го редефинира концептот на граѓанско учество со воведување нови и иновативни начини преку кои граѓаните можат да влијаат во локалната заедница. Нашата цел беше да креираме дигитална алатка која ќе го користи концептот на мобилно учество (м-учество) за зголемување на граѓанското учество во акциите и процесот на донесување одлуки на локално ниво. „мЗаедница“ им овозможува на граѓаните и локалната самоуправа да придонесуваат за подобрување на заедницата “во секое време, на секое место“посочува Зорица Велковска, Проектен Менаџер и ко-основач на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21.
На финалниот дел од овој натпревар, кој се одржа во Сараево на 21ви Комсијата одлучуваше помеѓу 45 иновативни дигитални проекти кои можат да влијаат врз општеството во седум категории. Официјалното доделување на наградата ќе се одржи на Фестивалот во Грац, Австрија од 27 до 30 ноември 2019 година.

(Преглед на сите наградени дигитални решенија по категорија 2019: https://eu-youthaward.org/winning-projects-2019/ )
мЗаедница го адресира секојдневниот проблем на политичката летаргичност на многу креативен начин. Тимот на БЛИНК 42-21 треба да биде инспирација за младите, укажувајќи што може да се постигне преку силата на дигитализацијата. Ни претставува големо задоволство што ќе имаме можност да го почувствуваме нивниот дух и пасија на  Фестивалот за доделување на Европската награда за млади. Само замислете, 400-тини млади ќе дојдат на фестивалот за да се инспирираат и поддржат – споделува Бригит Колб, Проектен Менаџер на Европската награда за млади.
Интерактивната дигитална платформа, мЗаедница, е составена од мобилна апликација и административен панел за поддршка на граѓаните и општината за да создадат подобра заедница.
„мЗаедница“ е достапна за паметни телефони кои користат оперативни системи на Android и IOS и дава можност секој граѓанин да: 1) пријави проблем, 2) презентира решение и 3) започне иницијатива во заедницата.
 
„мЗаедница“ успешно се користи во општина Карпош, а е прилагодлива за секоја општина и на било кој јазик/ци по потреба. „мЗаедница“ е дел од проектот „Вклучена младина за м-партиципација“ кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Сподели!
- Advertisement -