InnoTech Club aктивности

- Advertisement -

InnoTech Club e проект фокусиран на зголемување на свесноста за наука, иновации и напредни технологии помеѓу младите средношколци, студентите, Факултетите и домашните и странските производни компании. Наши партнери се сите засегнати групи кои целат кон остварување на заедничката цел, зголемување на свесноста за наука, иновации и напредни технологии помеѓу младите средношколци и студенти.
Во првата фаза проектот се фокусира на анимирање на сите потенцијални партнери и воспоставување на Борд на експерти од редот на професори, стручњаци и компании, кој ќе има советодавна улога.
Првиот голем kick-off настан на кој ќе се престави InnoTech Club ќе се одржи кон крајот на ноември 2019 година. На овој настан, домашни и странски експерти од областа на технологијата, иновациите и науката ќе го пренесат своето искуство на присутните средношколци, студенти и домашни и странски компании во Република Северна Македонија.
Во следните пет месеци на Inno Café настаните ќе се дружиме во Скопје, Штип, Тетово и Битола. На овие настани преку заедничко дружење и неформална презентација ќе се запознаеме со иновативни, научни и технолошки успешни проекти кои ги прават поединци или компании/институции во нашата земја. Овие настани тие ќе ни помогнат да се запознаеме, вмрежиме и инспирираме за нови заеднички иницијативи!
Со завршната конференција во мај 2020 година ќе ја презентираме InnoTech Club како think-tank организација која ќе продолжи да ја шири визијата за македонската економија базирана на знаење, иновации и напредни технологии!
 

Сподели!
- Advertisement -