Веб сајтовите кои шират дезинформации, годишно од рекламирање заработуваат околу 235 милиони долари, покажуваат резултатите од истражувањето на Мегународната коалиција Global Disinformation Index (GDI)
Со анализата се опфатени 20.000 домени идентификувани од други организации или медиуми како извори на намерно неточни информации, а наодите сугерираат дека Google и AppNexus се најчестите сервиси за пласирање реклами на тие сајтови.
Истражувањето се занимава исклучиво со програматско рекламирање, односно автоматско купување и продажба на рекламен простор преку софтвер, што претставуваше две третини од сите дигитални реклами во 2019 година. Google обезбедува програматскo огласување за најголем дел од домените оценети од GDI, околу 70%, што е сразмерно голем дел во однос на уделот на пазарот на таа компанија.
GDI проценува дека проблемот се однесува на целиот пазар на дигитални огласувачи, за што ќе биде потребно вклучување на сите учесници.
(www.marketing365.mk)