Воздушни фотографии откриваат колку мраз се стопил на Мон Блан за 100 години

- Advertisement -

Воздушни фотографии откриваат колку мраз се стопил на Мон Блан, највисокиот врз на Аплите, во период од 100 години. Фотографија направена во 1919 година е точно рекреирана годинава и покажа какви последици оставиле зад себе климатските промени.

Покривката од мраз видно е намалена и сега наместо мраз на повеќе места има гола почва. Научниците со помош на повеќе GPS уреди ги открија точните места од фотографијата и висејќи од хеликоптер во август годинава успеаја да ја направат фотографијата која ја открија дури оваа недела.

- Advertisement -

Тимот кој стои зад фотографијата вели дека ако не се преземе нешто за да се забават климатските промени, на фотографијата која ќе ја направат во за 100 години отсега во 2119 може да нема воопшто мраз.

Д-р Киран Бакстер од Универзитетот Данди вели дека загубата на мраз веднаш е очигледна колку што се зголемува надморската висина. Иако првичната фотографија е црно-бела, разликата е премногу очигледна.

- Advertisement -

Д-р Бакстер и неговите колеги користеле компјутерски мапи за да откријат каде е направена фотографијата. Потоа со хеликоптер отишле на точната локација и самите ја рекреирале фотографијата. На фотографијата се гледаат глечерите Аргентиер, Мон Блан Босонс и Мер де Глас. Промената во сенките на површината на глечерите покажува колку мраз се стопил од крајот на Првата светска војна досега.

Сподели!
- Advertisement -