Ова е првиот уред во светот кој произведува струја од енергијата на брановите

- Advertisement -

Нашата планета е свет кој изобилува со вода – 70% од површината на Земјата се океани. Со векови е познато дека кога има плима коже да се генерира енергија, па не е чудо што во оваа модерна ера се враќаме на тој чист енергетски извор. Две компании заедно го направија морскиот хидрокинетички конвертор OE Buoy за да ја искористат енергијата која ја создава овој обновлив извор.

Градот Портланд во американската држава Орегон е седиште на Vigor, компанија за морско и индустриско производство, која има долга традиција во изработка на револуционерни инженерски проекти. За оваа цел Vigor ги здружи силите со ирската компанија Ocean Energy. Проектот вреди 12 милиони долари.

- Advertisement -

OE Buoy тежи 826 тони, долг е 38 метри, широк е околу 18 метри, а висок околу 21 метар. Ќе биде поставен на хавајскиот остров Оаху, во близина на морнаричката база Перл Харбор. Уредот има потенцијал да генерира до 1,25 мегавати струја. Со други зборови, ќе има доволно струја за да се напојуваат дата центрите на базата, фабриките за десалинизација на водата, автономните подморски возила, офшор одгледувањето риби и за некои други потреби на островските нации. Освен тоа уредот значително ќе ја намали емисијата на стакленички гасови.

Ова е прв ваков конвертот во светот, кој е скалабилно, одржливо решение за генерирање зелена енергија. Ова е проект од меѓународно значење кој ќе создаде нови работни места, ќе овозможи генерирање чиста енергија и намалување на емисијата на отровни гасови.

Сподели!
- Advertisement -