Во Калифорнија училиштата ќе отвораат подоцна за тинејџерите да можат да спијат подолго

- Advertisement -

Училиштата во Калифорнија ќе отвораат подоцна за тинејерите да можат да спијат подолго. Наставата за тинејџерите на возраст од 11 до 13 години ќе почнува во 8 часот наутро, а средношколците ќе одат на школо од 8.30 часот.

Експертите за сон овој потег го сметаат за триумфален затоа што според научниците, на адолесцентите им се потребни 9,5 часа сон за нивниот мозок да може да продолжи да се развива.

- Advertisement -

Ако спијат подолго, тинејџерите ќе можат да учат поефективно и ќе бидат поспремни за нивниот живот како возрасни личности. Денес 60% од тинејџерите во САД се жалат дека се чувствуваат изморени во текот на денот, а 15% од нив заспиваат на часови.

Според досегашната пракса, се покажа дека ако наставата почнува подоцна, болестите кај учениците може да се намалат за 50% и да се подобрат нивните оценки.

- Advertisement -

Други држави во светот можеби ќе го следат примерот на Калифорнија. Во Велика Британија, на пример, 188.000 луѓе ја потпишаа петицијата за наставата во средното образование да почнува во 10 часот. Од владата истакнаа дека училиштата сами треба да донесат индивидуална одлука.

Калифорнија е првата американска држава која воведува ваква промена. Прашањето е дали и другите влади во светот треба да го следат овој пример?

In California, schools will open later so teenagers can get more sleep

Improving health, grades, and students' futures.📕 Read more: https://wef.ch/35LRsnt

Posted by World Economic Forum on Петок, 18 октомври 2019
Сподели!
- Advertisement -