Дуинг Бизнис констатира пад од седум места за Македонија

- Advertisement -

17 место за Македонија според Дуинг Бизнис. Земјава лани беше на 10тото место. Но, од Светска банка смируваат, велат дека падот од 7 места е поради променетата методологија која ги пресметува условите за водење бизнис.

Во извештајот земјава се споменува како една од најдобрите 20 држави во светот за водење бизнис, во конкуренција со 190 држави.

- Advertisement -

Дуинг Бизнис нотира дека, земјава направила промени во делот на вработувањето, како намалување на должината на пробниот период, воведување приоритетни правила во случаите со отпуштања од работа заради вишок, превработувања и отпремнини. 

Олеснето е и спроведувањето на извршните договори со поедноставување на пресметката на такси за извршување како и намалување на цената на целокупниот процес.

- Advertisement -

Од владата преку писмено соопштение велат дека според извештајот земјава е лидер во регионот.

,, Во последниот извештај на Светска банка „Doing Business 2020” Република Северна Македонија е рангирана на 17-то место меѓу 190 држави во светот. Оваа позиција на листата и понатаму ја прави нашата земја лидер во регионот, и според условите за водење бизнис и е рангирана подобро од Турција (33), Словенија (37), Србија (44), Црна Гора (50), Хрватска (51), Романија (55), Косово (57), Бугарија (61), Грција (79), Албанија (82) и Босна и Херцеговина (90),  соопштуваат од владината прес-служба.

- Advertisement -

Истакнуваат дека забележан е напредог кај три индикатори: добивање на градежни дозволи, пристап до електрична енергија и спроведувањето на договори.

Дуинг бизнис, земјите ги оценува според критериуми кои говорат за леснотијата при отворање, затворање на фирма, даночните регулативи, пристапот до кредити за фирмите, како и брзината за добивање на струја….

На врвот на листата се најде Нов Зеланд, а по него следи Сингапур, Хонк Конг, па Данска.

Сподели!
- Advertisement -