Роботите, вештачката интелигеција и потенцијалните опасности кои ги носат се почеста тема во медиумите, но и кај научниците и големите светски оргазнизации како што се Обединетите Нации. Никој моментално не знае како ќе изгледа иднината во која роботите и вештачката интелигенција ќе имаат се поголема улога во нашите животи, а иако повеже од луѓето веруваат дека тоа ќе биде позитивно, многу експерти и научници предупредуваат да бидеме внимателни и не ја исклучуваат можноста за целосно уништување на ќовештвото како најрадикална опција.
Неодамна Обединетите нации отворија Центар за вештачка интелигенција и роботик во Холандија со цел следење на нивниот развој и предупредија на потенцијалните опасности и начините на кои роботите би можеле да го дестабилизираат светот. Еден од начините се војните, затоа што прашање е какви шанси би имал човекот против напредната вештачка интелигенција, а особено предупредуваат на можноста за развој на автономни роботи кои би управувале со криминални организации кои би можеле да предизвикаат хаос во целиот свет. Освен криминални организации, роботите убијци се развиваат во земји како САД, Кина, Русија и Израел и се очекува да бидат замена за војниците на бојното поле. Имено, ваквите автономни роботи би можеле сами да носат одлука кого да нападнат, да убијат и слично, така што таа одлука самостојно би ја носела вештачката интелигенција.
Исто така, еден од облиците на дестабилизација е и невработеноста. Веќе денес многу луѓе ја губат работата затоа што ги замнеуваат роботи, а според истражувањето на PwC, само во Велика Британија во иднина се загорзени околу 30% од работните места, додека во некои индустрии тој процент е околу 50%. Центарот за вептачка интелигенција и роботика на ОН сака да ги поврзе експертите од повеќе области кои ќе ги истражуваат опасностите од вештачката интелигенција. Оттаму велат дека не сакаат да го забранат или да го кочат развојот на вештачката интелигенција, туку ги истражуваат начините на кои технологијата може да придонесе за целите на ОН.
(Zimo)