Инсекти „тренирани“ во Германија ширум Европа извршуваат специјална задача – да уништат други инсекти. Осите и некои други бубачки служат како замена за пестициди. Кљако функционира оваа минијатурна војна до истребување?
Ларвите на осите сакаат топло, а најмногу им одговара температура од 25 степени. На таа температура и се размножуваат. Овие инсекти се смртни непријатели за штетниците – пченкарниот молец, кој ширум светот уништува огромни количини житарки.
Затоа овoj специјалeн вид на оси, трихограма, е омилена кај земјоделците од целиот свет. Во компанијата AMW во близина на Франкфурт се одгледуваат овие специјални биолошки алтернативи на инсектиците.
Да речеме дека овие специјални оси и некои други успешно ги убиваат штетниците и инсектите војуваат против инсекти. Инсектите од германската фирма потоа стигнуваат на полињата, во складишта, во стакленици, но и во приватни станови ширум Европа и сето тоа еколошки, без употреба на отрови. Потоа снесуваат јајца во ларвите на штетниците. Тие нивни ларви го јадат домаќинот и штетниците никогаш не се раѓаат.
AMW патентирала метод по кој гранули со јајца се исфрлаат од дронови или хеликоптери. Методот веќе стигна до Канада, иако самите инсекти не смеат да се извезуваат преку Атлантикот.
Научниците велат дека на овој начин се спречува ширењето на инвазивните видови. Во текот на одгледувањето на инсектите вработените во AMW користат јајца на пченкарниот молец, а потоа тие бубачки растат и во природата бараат исти домаќини. Така кругот се затвора. Побарувачката за овие „живи инсектициди“ е голема, особено во Франција, затоа што се повеќе земјоделци преминуваат на еколошки начин на земјоделство, кој забранува употреба на многу инсектициди и пестициди.