Ако цел ден седите пред компјутер, ќе завршите како куклата Ема

- Advertisement -

Ако луѓето не ја сменат работната средина и продолжат цели денови да поминуваат пред компјутер приковани за екраните, за 20 години може да имаат огромни здравствени проблеми.

Теоретски, сите знаеме што треба да правиме за да живееме подолго – да јадеме овошје и зеленчук, да не јадеме брза храна, да не поминудаме премногу време седејќи на биро, да се движиме повеќе и помалку да гледаме во екраните од уредите. Во пракса, со толку многу обврски и зависноста од телефоните, на многумина тоа им се чини тешко, па речиси и невозможно.

- Advertisement -

Но, ако не се смени нешто радикално, канцелариските работници кои најголем дел од времето или цело време го поминуваат во седечка положба може да завршат како Ема. Ема е кукла со реална големина направена врз база на истражувањата на канцелариските работници кои покажуваат кави се проблеми ги очекуваат во иднина. Така, за дваесетина години отсега луѓето кои работат во канцеларии може да бидат подгрбавени, со болки во грбот поради постојаното седење.

Болките во грбот се само дел од проблемите. Поради постојано чукање по тастатурата, ќе имаат отоци и црвенило по телото од стрес, проширени вени, главоболки, додека поради гледањето во екран ќе имаат црвени очи. Исто така, седењето, лошата исхрана и недоволното движење ќе доведат до прекумерна тежина.

- Advertisement -

Истражувањето го спроведе група здравтсвени експерти во соработка со компанија која произведува канцелариски материјал и мебел со цел да ги предупредат луѓето на опасноста од моменталните работни услови и потребата од итна промена.

Сподели!
- Advertisement -