Венецуела размислува да го воведе биткоин како официјална валута

- Advertisement -

Наскоро можеби ќе бидеме сведоци на првата „биткоинизација“ на една држава

Со цел да се бори со хиперинфлацијата Венецуела наскоро може да го прифати биткоинот како своја официјална валута. Биткоин во изминатите неколку месеци беше предмет на голем интерес, што доведе до гласини за намерата на Венецуела да ја инкорпорира виртуелната валута во својата финансиска структура и наскоро можеби ќе бидеме сведоци на првата „биткоинизација“ на една држава.

Венецуела повеќе од една недела доцни со исплатата на значителна камата на обврзница. Во моментов земјата нема доволно финансии за да менаџира со својата економија. Еден обичен ручек чини околу 200.000 боливари (8-10 долари), па луѓето почнуваат да плаќаат со биткоин или други странски валути. Биткоин е најпривлечна валута затоа што е независна од црниот пазар, па тешко може да се експлоатира.

- Advertisement -

Во август годинава Венецуела беше на врвот на листата со земји чии државни валути ќе доживеат крах, пред Колумбија и Аргентина. Се предвидуваше сите 10 земји на листата ќе се свртат кон биткоин или друга криптовалута во многу блиска иднина. „Биткоинизацијата“ на Венецуела се уште се нема случено и ќе треба да почекаме да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Доколку се случи промената, тоа ќе се сфати уште како еден знак за луѓето да ја прифатат најголемата криптовалута.

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -