Банкротираше најголемиот американски производител на млеко

- Advertisement -

Најголемиот американски производител на млеко, Dean Foods, прогласи банкрот по 94 години постоење.

Оваа година, продажбата опадна за 7 проценти во првите шест месеци, додека профитот се намали за 14 проценти. Акциите на компанијата во 2019 година изгубија 80 проценти од вредностa.

- Advertisement -

Компанијата Dean Foods произведуваше некои од најпрепознатливите млечни производи во САД, а за својот банкрот ги обвинува Американците што сè помалку користат кравјо млеко. Банкротот е прогласен затоа што долгот e толку голем што не се во можност да плаќаат отпремнина на сите свои поранешни вработени. Од постојните финансиери, Dean Foods собра 850 милиони евра, за да продолжи со работењето.

Според податоците на CNN, кравјото млеко се помалку се користи во САД, бидејќи корисниците бараат опции со помалку шекер или алтернативи базирани на билки. Глобалниот пазар за алтернативи на млеко оваа година според проценките ќе заработи повеќе од 18 милијарди долари, сметаат од Euromonitor.

- Advertisement -

CNN додава дека продажбата на кравјо млеко опаѓа во последните четири години, додека продажбата на млеко од овес се зголеми на 53 милијарди долари, што претставува зголемување од 633 проценти. Сепак, од CNN потенцираат и дека за Dean Foods голем проблем е тоа што е раскинат договор со најголемиот купувач, Walmart, кој разви свој бренд за млеко.

Сподели!
- Advertisement -