Целосни стипендии за онлајн микро-магистерски студии

- Advertisement -

Запиши се на меѓународните микро-магистерски студии по Претприемнички и иновативен екосистем и продлабочи го твоите знаења и вештини во областа. Шестмесечните онлајн специјализации ти овозможуваат да стекнеш компетенции за професионален и личен развој, кои се релевантни за меѓународниот пазар.

- Advertisement -

Програмата е наменета за оние кои имаат завршено додипломски студии и сакаат да ги усовршат своите претприемнички, управувачки и комуникациски компетенции, да го унапредат своето образование и кариера, да најдат (подобра) работа или да започнат сопствен бизнис. Студиите ќе се реализираат онлајн и на англиски јазик, а виртуелната мобилност и учењето во тимови со учесници од различни европски земји ќе го збогатат твоето меѓународно искуство.

Микро-магистерската програма по Претприемнички и иновативен екосистем ја креираа четири високообразовни институции – Институтот за комуникациски студии од Македонија, Истанбул универзитетот од Турција, Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија и Бизнис школата ДОБА од Словенија, и е финансирана од Програмата ЕРАСМУС+ на Европската Унија. Со завршување на микро-магистерската програма, се стекнуваш со 20 ЕКТС, кои може да бидат признаени и да водат кон формално образование во рамки на студиските програми на четирите партнерски институции.

- Advertisement -

Конкурсот е отворен за 60 студенти за кои следуваат целосни стипендии. Пријави се онлајн, со пополнување на АПЛИКАЦИСКИОТ ФОРМУЛАР најдоцна до 30 ноември 2019.

Повеќе информации за микро-магистерската програма можеш да добиеш на www.micromaster.eu и на info@micromaster.eu.

Сподели!
- Advertisement -