Компанијата Мирана го презеде Био Космос

- Advertisement -

Македонската компанија за прехранбени производи Мирана е новиот сопственик на Био Kосмос. Според компанијата, новиот менаџмент ќе го зајакне брендот Био Kосмос, и ќе придонесе кон понатамошно успешно позиционирање на Био Космос на пазарот.

„Би сакале да ве известиме дека македонската реномирана компанија за прехранбени производи Мирана е нов сопственик на Био Kосмос. Во следниот период, Био Kосмос, како компанија – ќерка на Мирана ќе ја продолжи и надгради успешната приказна преку проширување на асортиманот на производи, воведување нови стандарди и свежина во самата компанија, подобрување на дистрибутивната мрежа, следење и водење на трендот на здрава, природна и органска храна“, се вели во соопштението.

- Advertisement -

„Јасната визија и мисија на новиот менаџмент ќе го зајакне брендот Био Kосмос, а со своето искуство и знаење ќе придонесе кон понатамошно успешно позиционирање на Биокосмос на пазарот“, додаваат од компанијата.

Мирана е формирана во 1999 година и нуди голем асортиман на прехранбени производи како маргарини, сосови и мајонези. Био Космос, пак досега се истакна со понудата на здрава храна како мусли, снегулки, тестенини, органски брашна, макробиотика и многу други производи.

Сподели!
- Advertisement -