Coca-Cola, Nestlé и PepsiCo се прогласени за најголеми загадувачи со пластика во светот втора година по ред. Тоа го пишува во извештајот “BRANDED Volume II: Identifying the World’s Top Corporate Plastic Polluters.”
Најголемите загадувачи со пластика во светот се откриени после 84 чистења на плажи во повеќе од 50 земји и на шест континенти, а ги организираше движењето Break Free From Plastic. Останатите компании кои се најдоа во топ 10 најголеми загадувачи со пластика се: Mondelēz International, Unilever, Mars, P&G, Colgate-Palmolive, Phillip Morris и Perfetti Van Melle.
Овој извештај е уште еден доказ дека корпорациите итно мора да се справат со проблемот со загадувањето со пластика, кој го создадоа самите. Тие продолжуваат да се потпираат на пластика за еднократна употреба. Движењето Break Free From Plastic, во кое членуваат речиси 1.800 организации, ги повикува корпораците за го намалат производството на ластика за еднократна употреба и да најдат иновативни решенија фокусирани на алтернативни системи за достава кои не загадуваат.