Huawei го најави својот влез на пазарот за решенија во облак. Нивната нова услуга Huawei Mobile Cloud на корисниците ќе им овозможи безжично да направат back up, да ги зачуваат своите фотографии и пдоатоци од паметниот уред и да ги синхронизираат. Корисниците податоците ќе можат да ги префрлат во преку Нuawei мобилните уреди и едноставно да пристапат до нив преку Cloud Drive.
Huawei веќе почна со ажурирање на Huawei Mobile Cloud на Huawei P10, P10 Plus и P10 Lite, а во анредниот период истото се очекува за останатите модели на уреди. Сите фотографии и видеозаписи снимени со камера, сите screenshot и аудиоснимки автоматски ќе се зачувуваат во облак,. Корисниците едноставно ќе пристапуваат до нив преку cloud.huawei.com или преку апликациите Gallery на телефоните.
Податоците ќе можат и да се синхринизираат на сите Huawei паметни телефони, што овозможува побрз пристап до контакти, Wi-Fi, забелешки, а податоците ќе може да се управуваат и со Cloud Web Portal. На почеток на лансирањето на услугата Huawei Mobile Cloud ќе нуди 5GB бесплатен простор, а псотои и опција за надградба и купување дополнителе простор во облак од 2018 година натаму. Услугите имаат имплементирана опција за безбедност на податоците, а Huawei Mobile Cloud Servis е сертифициран од страна на Унијата за безбедност во облак Ѕtar (ISO/IEC 27001).
Целосната поддршка за Huawei Mobile Cloud веднаш ќе биде достапна во Фиснка, Послка, Германија, Италија, Шпанија, Обединето Кралство и Холандија, а останатите корисници ќе треба да почекаат.
(Zimo)