Топ 10 градови кои треба да се посетат во 2020 година

- Advertisement -


Магазинот Lonely Planet состави листа со 10 дестинации кои ќе ги освојат срцата на туристите ширум светот во текот на наредната година. За најдобри градови се прогласени Салцбург, Вашингтон и Каиро, додека најисплатливи дестинации за посетување се Источна Нуса Тенгара, проинција во Индија, Будимпешта, Мадја Прадеш во Индија и Бафало во САД. За сите градови се наведени најбитните карактеристики кои ќе привлечат многу туристи.

Секое лето Салцбург се претвора во огромна сцена и градот од 150.000 жители станува културно средиште кое привлекува повеќе од 250.000 заљубеници во културата и музиката.

- Advertisement -

Идната година сите очи ќе бидат вперени во главниот град на САД, Вашингтон, затоа што ќе се навршат 100 години од 19. Амандман со кој на жените им се овозможи правото на глас. Тоа ќе биде повод за бројни изложби во галерии и музеи, кои секако вреди да се посетат.

Главниот град на Египет, Каиро, е познат по својата древна историја и секогаш е вистинска прилика да се посети. Идната година ќе се отвори Големиот египетски музеј во Гиза, а туристите од целиот свет желно го очекуваат тој ден.

- Advertisement -

Боемскиот ирски град Галвеј е наводно најинтересниот град во Ирска. Пабовите офарбани во ведри бои со жива музика нудат одлична забава, додека бројните кафулиња со отворени градини имаат феноменален поглед на шеталиштата и на уличните уметници. Овој ирски град идната година ќе биде и престолнина на културата.

Кочи е вистински спој на новото и старото во Индија. Градот се залага за технологија и интересно е тоа дека во овој малку познат град се наоѓа единствеиот аеродром во светот кој работи целосно на соларна енергија.

- Advertisement -

Некогаш главниот град на Западна Германија, Бон, е економска и културна метропола која идната година одбележува 250 година од раѓањето на Бетовен. Тоа значи дека цела година ќе има концерти под палката на познати светски диригенти.

Административниот центар на Боливија, Ла Пас, има необични контрасти и специфичности кои на градот му даваат несекојдневна атмосфера и мистика.

Притиснат меѓу морето и планините, канадскиот град Ванкувер е град кој се грижи за животната средина. Родното место на Greenpeace денес има огромна мрежа од велосипедски патеки и шеталишта. Освен тоа, Ванкувер идната година ќе стане еден од најзелените градови во светот.

Футуристичкиот Дубаи стартуваше неколку проекти за наредната година. Еден од побитните е шестмесечната манифестација Expo, во текот на која околу 190 држави од светот ќе ги претстават своите нови технолошки изуми.

Денвер е еден од магичните американски градови кои влегуваат во завршна фаза од развојот во поглед на културните содржини и храната. За идната година е планирано отворање на нови пазари кои ги спојуваат домашните и странските вкусови.

Сподели!
- Advertisement -