Европската прeстолнина го забранува пиењето алкохол на отворено

- Advertisement -

Граѓаните и посетителите на Брисел нема да можат да пијат алкохол на отворено во пешачките зони во центарот на градот од 1 февруари до 1 август наредната година. Забраната се воведува со одлука која ќе биде усвоена идната недела, а не се однесува на градините на кафулињата и настаните на отворено.

Мерката е временски ограничена и ќе прекине да важи шест месеци по стапувањето на сила. Потоа ќе биде извршена евалуација на ефектите од мерката. За кршење на забраната е предвидена казна од 350 евра.

- Advertisement -

Брисел не е првиот град кој воведува таква забрана. Сепак, додека Мадрид, Даблин и Рим имаат некои од највисоките казни во ЕУ, Берлин, Копенхаген и Лисабон и понатаму не усвојуваат слични мерки.

Сподели!
- Advertisement -