Знаете колку иритира кога чекате по неколку минути за да преминете на пешачки премин, особено таму каде што нема семафори, и кога ќе згазнете на белите линии забележувате забрзан автомобил кој нема намера да застане? Токму затоа е потребно нешто како оваа автоматска порта за пешачки премин.
Жолтите линии на портата се подигаат кога ќе стапнете на пешачкиот премин и формираат заштитна бариера која ви дозволува безбедно да поминете. Оваа идеја ја добиле од Здружението за безбедност во сообраќајот на Квебек, Канада. Идејата е едноставна, но генијална и ќе ги принуди возачите на автомобили да ја почитуваат сигнализацијата на патот.
Овој пешачки премин навидум изгледа како и сите други, но кога ќе се приближи некој автомобил жолтите ленти се подгиаат и го принудуваат да застане.