Зошто децата во Естонија се меѓу најуспешните во светот

- Advertisement -

Децата во Естонија се меѓу најуспешните во светот, а еве и зошто. Естонија ги надмина сите европски земји со своите стандардизирани тестови за 15-годишници. Земјата е на четврто место во светот според успехот во научните предмети, на петто место по читањето, а на осмо место по математика.

Спека, Естонија троши 30% помалку за образованието отколку што е просекот во земјите на ОЕЦД. Оттука сосема логично следува прашањето што е тоа што Естонија го прави подобро од другите за да биде поуспешна?

- Advertisement -

Најпрвин, Естонија очекува високи стандарди од секое дете и на сите им ги дава сите потребни ресурси за да успеат. Книгите, транспортот и храната се бесплатни за секој ученик во Естонија.

Естонија својот мал буџет за образование го користи на многу попаметни начини. На пример, таа гради нови, енергетски ефикасни згради кои на долг рок ќе трошат многу помалку ресурси. Понатаму, ги зголемува платите на наставниот кадар за да привлече попаметни кандидати. Било да е во рурална или во урбана средина, големо или мало, секое училиште од децата очекува да бидат успешни.

- Advertisement -

Во Естонија образованието и статусот на родителите има многу помало влијание врз резултатите на децата на училиште, па помал е процентот на деца со низок социоекономски статус кои не знаат да читаат отколку што е просекот во земјите на ОЕЦД.

Наставниците и професорите имаат автономија да изберат сопствен пристап во предавањето се додека се држат до наставниот план и за да се осигура дека наставниот кадар ќе раоти квалитетно и кога се оставени сами на себе. Естонија вработува само наставници и професори кои имаат завршено магистерски студии.

- Advertisement -

Естонија многу брзо ја усвои дигиталната технологија и беше една од првите земји во светот која учењето дигитални вештини го вклучија во наставниот план. Земјата си зададе цел до 2020 година секое училиште да спроведува настава користејќи само дигитални наставни материјали и помагала. Затоа во споредба со ОЕЦД, двапати повеќе деца од Естонија се запишуваат на ИКТ студии.

This is why kids in Estonia are performing among the best in the world

Small budget, big results.📕 Read more: https://wef.ch/2E2CTPS

Posted by Video – World Economic Forum on Понеделник, 09 декември 2019
Сподели!
- Advertisement -