Топењето на ледената покривка на Гренланд од 1992 година досега го покачи нивото на морињата за околу 11 мм, објавија научниците. Отприлика 3.800 тони мраз се стопиле од 1992 до 2018 година. Утврдено е дека Гренланд го губи мразот седум пати побрзо отколку што било случај во 90-тите години на минатиот век.
Меѓународниот тим од научници дошол до овие резултати со анализа на сите сателитски снимки во текот на период од 26 години. Според нив, доколку ледената покривка на Гренланд продолжи да се топи со ова темпо, до крајот на овој век нивото на морињата и океаните може да се покачи за 20 см.
Во опасност од поплава се милиони луѓе кои живеат во пониските крајбрежни региони. Експертите потсетуваат дека денес околу милијарда луѓе живеат во подрачја кои се само 10 метри на нивото на морето, вклучувајќи и 250 милиони кои се само на 1 метар над нивото на морето.
Наулниците ја измериле дебелината на мразот, брзината на движење и гравитацијата и увтрдиле дека Гренланд го губи мразот на два начини – со површинско топење, по што водата се влева во океаните и со одвојување на ледени карпи, кои се топат на места каде што мразот е во контакт со водата од океаните.На долг рок тие два процеси еднакво придонесуваат за топење на мразот на Гренланд.