Лери Пејџ, основачот на Google, сака да направи универзална вакцина за грип

- Advertisement -

Според предвидувањата на Светската здравствена организација, секоја година до 650.000 луѓе умираат од грип, а ако дојде до некаква пандемија од исклучително заразен вирус како грипот, може да умрат дури 33 милиони луѓе. Еден од основачите на Google, Лери Пејџ, сака да го спречи таквото сценарио и преку организациите кои ги финансира работи на развој на универзална вакцина за грип.

Откако пред неколку дена и официјално се повлече од чело на Alphabet, многумина се запрашаа со што ќе се занимава Пејџ и во што ќе ги инвестира милијардите долари кои ги заработил овие две децении со Google. Информациите кои се појавија неделава асоцираат на тоа дека ќе се занимава со филантропска работа како и Бил Гејтс и своите пари, времето и влијанието ќе го искористи за проекти за подобрување на животот на човештвото.

- Advertisement -

Последните години Пејџ финансирал два проекти чија цел е борба против грипот. едниот е Shoo the Flu, со кој на учениците во основните и некои средни училишта во Оукленд, како и на наставниците им се овозможува бесплатно вакцинирање против грип од 2014 година досега.

Другиот проект се вика Flu Labs, а се однесува на истражување и развој на универзална вакцина за грип. Тоа значи дека наместо секоја година да се вакцинираме со посебни вакцини, Flu Labs сака да направи една вакцина која ќе овозможува долгогодишна заштита од повеќе видови грип. Таа вакцина ќе штити и од новите подтипови грип кои се појавуваат секоја година.

Сподели!
- Advertisement -