Македонски Телеком организира e-Sport турнир за вистински гејмери

- Advertisement -

Последниот викенд од оваа деценија им го посветуваме на гејмерите – на оние на кои виртуелниот свет им е подеднакво голем предизвик како и реалниот. На 28 и 29 декември, во организација на Македонски Телеком и Македонската eSport федерација ќе се одржи официјален гејмерски турнир во три од најпопуларните светски видеоигри: „Dota 2“, „PES 2020“ и „Hearthstone“.

Пријавувањето и влезот се бесплатни, а за учество во „Dota 2“ турнирот прво треба да се поминат онлајн пред-квалификациите, кои се играат вечерва, по кои само најдобрите осум ќе добијат можност да играат на ЛАН турнирот. Најдобрите два тима од „Dota 2“ турнирот влегуваат во понатамошни квалификации и ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во Израел во 2020 година. Пријавете се за: „PES 2020“: http://bit.ly/2EAErRs „Hearthstone“: http://bit.ly/2EDjRjd.

- Advertisement -

Добрите игри на натпреварувачите нема да поминат незабележано. За најдобрите тројца во „Dota 2“, „PES 2020“ и „Hearthstone“ следуваат супер вредни награди.

Турнирот ќе се одржи последниот викенд од 2019 година, на 28 и 29 декември, во новата Flagship продавница во Управната зграда на Македонски Телеком, на плоштадот „Македонија“. Турнирот ќе можете да го следите во живо на следниот линк.

- Advertisement -

Следете ги сите новости на: https://www.facebook.com/events/2558905094380855/ и подгответе се за супер возбудливо гејмерско финале на 2019.

Сподели!
- Advertisement -