Канадски научници сакаат да посадат 1 милијарда дрвја до 2028 година

- Advertisement -

Група научници од Канада објавија дека покренуваат нова инициатива за употреба на дронови за садење нови дрвја со цел евтино и брзо да се борат против негативните ефекти на климатските промени и обесшумувањето.

Проектот се вика Flash Forest, а тимот почна да тестира достава со дронови во август минатата година. Во текот на првиот тест-лет дроновите успешно засадиле 100 дрвја.

- Advertisement -

Тие резултати ги охрабриле да ги подигнат своите цели и да користат специјално дизајнирани системи од дронови за да засадат 1 милијарда дрвја до 2028 година.

Секоја година планетата губи 13 милијарди дрвја, а засадуваме помалку од половина од тоа. Ние го стартувавме проектот со цел да ги излечиме белите дробови на нашата планета и сериозно ја сфаќаме задачата. Се додека не ја завршиме, ништо друго не е битно“ велат научниците.

- Advertisement -

Дроновите не носат само семиња, туку саксии со хранлива почва и три вида семе. Таа почва може да ги одржи семињата живи до 9 месеци, а тоа е доволно време за да пуштат корени на местото каде што ќе паднат. Секој дрон ќе може да исфрла по една саксија во секунда, а еден човек симултано ќе може да управува со максимум 10 дронови.

Групата научници велат дека нивнито систем од дронови може да сади дрвја десет пати побрзо отколку луѓето и тоа за една петтина од цената.

Сподели!
- Advertisement -