Паметни пелени ги известуваат родителите кога се валкани

- Advertisement -

Компанијата Smardii од Мајами разви паметни пелени кои го детектираат присуството на урина и измет за децата или ворасните кои патат од инконтиненција за да можат цело време да бидат чисти.

Главниот производ на Smardii е мал бел диск наречен „пак“, кој се прикачува на пелените за еднократна употреба. Сензорот во уредот детектира кога пелената е измокрена, а ја следи и температурата на бебето, детектира абнормалности во урината, па дури и спречува појава на декубитис, така што следи колку долго некој не станал од кревет.

- Advertisement -

За некои можеби тоа е смешно, но ако појдете во некој старечки дом и со свои очи видите колку малку внимание им се посветува на луѓето, ова е решение за сериозен проблем, изјави основачот на Smardii, Викрам Мехта, CES 2020 во Лас Вегас.  

Еден од најчестите проблеми денес кај грижата за старите лица е инконтиненцијата ( неволна загуба на урината низ мочниот канал) – дури 50% од луѓето над 60 години го имаат тој проблем. Сензорот на Smardii комуницира со телефон или таблет преку Bluetooth или се поврзува преку Wi-Fi со Smardii Wi-Fi Gateway Device. Апликацијата им овозможува на родителите или негувателите да следат до 12 пациенти, односно бебиња истовремено.  

- Advertisement -

Исто така, апликацијата ги чува податоците за недели или месеци нананзад за да може да се следат промените во однсеувањето, односно функцијата на телото.

Сподели!
- Advertisement -