Прехранбениот гигант Nestle ќе инвестира околу 2 милијарди долари во употреба на повеќе рециклирана пластика за пакување на своите производи со цел да ја намали употребата на нова пластика за една третина до 2025 година.
Компанијата постојано се споменува како еден од најголемите загадувачи со пластика во светот и се наоѓа под притисок да покаже дека е сериозна во своите намери да помогне во решавање на проблемот со загадувањето со пластичен отпад.
Имено, Nestle донесе одлука со 2025 година сета пластична амбалажа која ја користи да може да се рециклира или да се реупотреби. „Постојано не посочуваат како загадувачи затоа што сме една од најголемите компании во светот која продава производи спакувани во пластична амбалажа и преземаме големи чекори за да го искористиме нашето влијание и да го решиме проблемот со загадувањето“ велат од компанијата.
Nestle, која е најпозната по своите KitKat чоколади и супите Maggi, исто така ќе лансира ризичен фонд вреден околу 260 милиони долари за инвестиции во стартапи кои се занимаваат со оваа проблематика.