На Текстилно-технолошкиот факултет во Загреб создадоа паметна облека која мисли, знае кога ви е топло или ладно, кога дишете или не…

- Advertisement -

На Текстилно-технолошкиот факултет во Загреб осмислија и патентираа паметна облека. Меѓу облеката има и јакна која чувствува и мисли за вас. Јакната навидум не е по ништо поинаква од обичните, освен кога ќе погледнете во натешноста и ќе видите вградени комори кои се термоизолациски.

Тие комори ја регулираат топлината со примање или испуштање воздух. Сето тоа се контролира со компјутер кој е сместен во џебот. Тоа значи дека можете да изберете која температура ви одговара без разлика на надворешната температура.

- Advertisement -

Меѓу облеката има и облека паметен ракав во кој постои механизам кој на луѓето заболени од деменција им кажува кога да се пробудат, кога да јадат, да испијат лекарства и се друго што им треба да за да им се олесни животот.

Таа облека прима наредби, гласовни и визуелни, преку мобилен телефон или преку компјутер. Тие може да ги испрати негувателот или докторот. Во јакната е вграден и GPS за полесно пронаоѓање на луѓето ако залутаат, а може да ја користат и деца. За нив може да се одреди круг во кој може да се движат, па ако излезат од него на мобилниот телефон на родителите ќе им стигне информација дека детето излегло од кругот и каде точно се наоѓа.

- Advertisement -

Паметните пижами кои може да спречат ненадејна смрт, но и да им помогнат на луѓето кои имаат апнеа се уште еден изум на тимот од факултетот. Сензорите поставени во текстилот испраат сигнал дека тој што ги носи пижамите дише. Ако ги носи бебе, на пример, и прекине да дише, сензорите ќе детектираар, а до родителите ќе стигне аларм.

Еден од бројните изуми на лабораторијата на факултетот е и паметна торба која штити од крадци. Таа функционира така што е поврзана со алка која се носи на рака. ако некој неовластено ја отвори торбата, алката на раката почнува да свети и да вибрира. Направија и јакна за велосипедисти со показатели за насоката на движење.

Сподели!
- Advertisement -