Грета Тунберг од Давос: Во пракса, ништо не е направено за климата

- Advertisement -

Млада активистка Грета Тунберг и порача на економската и политичката елита во Давос дека „во пракса ништо не е направено за климата“, и покрај повеќемесечната масовна мобилизација на млади луѓе ширум светот, пренесува „Н1 Србија“.

„Климата и животната средина денеска се жешка тема, но во пракса ништо не е направено“, рече Тунберг на тркалезната маса во рамките на Светскиот економски форум.

- Advertisement -

Наведе дека емисиите на CO2 не се намалиле и предупреди дека проблемот нема да се реши ако не се третира како вистинска криза.

Тунберг повторно ги повика светските лидери да ги слушаат младите луѓе, пишува „Ал Џазира Балканс“.

- Advertisement -

„Не сум личност која може да се пожали дека не ја слушаат. Науката и гласот на младите не се во фокусот, а би требало да бидат“, додава Тунберг.

Првиот ден од Форумот се очекува и обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп. Не е познато дали Тунберг и американскиот претседател со кој имаат спротиставени ставови за климата, ќе имаат можност да се сретнат.

- Advertisement -

(Извор – Радио МОФ)

Сподели!
- Advertisement -