Научници открија зошто косата побелува од стрес и како да се спречи

- Advertisement -

Стресот е фактор кој може значително да го забрза побелувањето на косата, а изгубената боја не може да се врати.Научниците тврдат дека можно е да откриле зошто стресот влијае на промената на бојата на косата, како и можно решение како да се спречи, без да ја бојадисувате косата.

Тестовите кои ги направиле на глувци покажале дека матичните клетки кои ја контролираат бојата на кожата и косата се оштетуваат при стрес. Глувците со темно влакно станале целосно безли за само некоку седмици откако биле изложени на болка.

- Advertisement -

Истражувачите од Америка и од Бразилл објаснуваат дека ова откритие треба да се доистражи за потенцијално да се развие лек кој ќе спречува косата да побелува со годините. Мажите и жените можат да почнат да побелуваат кога било од средината на 30-тите години, иако тоа најчесто зависи од генетиката. Иако менувањето на бојата на косата главно е последица на стареење, стресот има голема улога.

Научниците досега не знаеја точно како стресто влијае на бојата на косата. Но, истражвачи од Универзитетот Сао Паоло во Бразил и од Универзитетот Харвард веруваат дека стресот е поврзан со матичните клетки меланоцити, кои произведуваат меланин и кои се одговорни за бојата на кожата и косата.

- Advertisement -

Болката кај глувците поттикнала ослободување на адреналин и кортизол, ја забрзала работата на срцето и создала зголемен крвен притисок, така влијаејќи и на нервниот систем и на појавата на акутен стрес. Овој процес потоа ја забрзал потрошувачката на матични клетки кои произведуваат меланин и кортизол.

Штетните ефекти кои ги откриле научниците ги надминале нивните очекувања. По само неколку дена сите матични клетки кои регенерираат пигменти биле изгубени. Кога еднаш ќе го снема, пигментот не може да се врати, па оштетувањето е трајно.

- Advertisement -

Во друг експеримент научниците утврдиле дека можат да ги блокираат тие промени така што на глувците им давале антихипертензиви, односно лекови кои го регулираат крвниот притисок. Соредувајќи ги гените на глувците кои биле под болка со гените на глувци кои не биле успеале да го идентификуваат протеинот кој учествува во оштетувањето на матичните клетки при стрес.

Ова откритие на научниците им остава простор да се обидат да развијат лек кој ќе спречи појава на седи влакна.

Сподели!
- Advertisement -