„Импала“ се претстави во Давос и започна преговори со два VC фондови

- Advertisement -

Значењето на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарија се доживува од целата светска јавност како исклучително високо. Со тоа чувство тргнав оваа година, дополнително оптоварена и со трема од тоа дека ќе треба да ја претставиме Импала на еден поинаков начин, на ниво на кое не сме функционирале.

Интригантен но и дополнително мотивирачки беше и насловот на овогодинешнтиот инаку јубиларен 50 ти самит – Посветени на подобрувањето на состојбите во светот! За некој кој активно работи во областа на социјалното претприемништво ова беше исклучително мотивирачко. Една од целите која и си ја зацртав пред тргнувањето беше дека мора да се запознаам со Лоренс Финк, CEO на BlackRock инвестицискиот фонд кои објавија дека сите компании од нивното портфолио (а тоа се голем дел од компаниите на листата 500 на Форбс ) во својата стратегија мораат да имаат инкорпорирано некој од 17те SDGs на Обедиенти Нации. Учеството и на Грета Тундберг исто така ветуваше дека движењето кое се повеќе ја промовира емпатијата наместо егоцентризмот, и на лично и на колективно ниво, зема замав.

- Advertisement -

Со самото пристигнување во Давос на секој чекор се чувствува мала нелагодност заради мерките за обезбедување сигурност. Насекаде специјални полициски групи, на влезовите во четирите high security  хотели, скенери, насекаде лица од лично обезбедување. Сета оваа нелагодност исчезнува во моментот кога ќе се влезе во конференциските сали или во лобијата на хотелите. Тогаш одеднаш се соочувате со спонатни, отворени луѓе кои слободно разменуваат информации за нивните бизниси, професионални активности, споделување на визија за подобар свет.

Одеднаш чувството на трема, воздржаност и анксиозност заради големината на овие настани е заменето со мотивација, желба за длабока интеракција и конструктивност. Навистина неверојатно е како луѓе кои во моментов креираат вредности во различно области, за кои читаме, се воодушувуваме и ги идеализираме одеднаш се тука, пристапуваат и разговараат, ви даваат совети за работата, сугестии за унапредување, споделувате визија.

- Advertisement -

Иако на Импала работиме посветено три години и се надеваме на исклучителен успех, сепак некако се инхибиравме да се осмелиме да сонуваме дека можеме да бидеме поканети на настан од ваков тип. И најинтересно и најмотивирачко е што првата реакција на сите за Импала е Уау, ова е револуцијата во мерењата во социјалните па дури и природни науки базирани на биолошки метрики.

Во хотелот во кој се одржуваше конференцијата на која бевме учесници се случуваа многу настани, од областа на финансии, стратегија за заштита на планетата, технологија, граѓански сектор. Од сите на кои присуствував, најголем впечаток секако ми остави конференцијата за технолошки решенија кои го менуваат светот и зајакнувањето и поддршката на иницијативи на жените.

- Advertisement -

Исклучително пријатно, пријателско дружење беше токму настанот посветен на женско претприемништво. Опкружени со жени кои направиле значајно влијание во заедницата, професијата но кои пред се имаат емпатија за сите луѓе, кои се сензитивни за проблемите за човештвото, ги подржуваат сите оние кои развиваат солуции за тие проблеми не само со зборови, совети, психолошка подршка туку и со реална финансиска помош за да може навистина овие решенија да помогнат на голем дел луѓе од светот. Презентирани беа голем дел финансиски пакет производи кои помагаат на жени претприемачи, фондови кои се приватни или пак и дел од институциите на системот. Импресивен настап имаа Риа Персад, претседателката на европската комора за дигитала продажба и Марија Лин Дајтон, основач на Impactnet, со која навистина се оправда и насловот на конференцијата уште еднаш – посветени на унапредување на светот преку поддршка на жените кои со својата креативност креираат уникатни вредности за човештвото.

Конференцијата која беше од посебен интерес за Импала и нас како тим беше конференцијата посветена на вештачка интелигенција (AI).

Неповторливо искуство е споделувањето на решенијата и визијата на сите професионалци кои работат во оваа област. Решенија кои го пореметуваат светот каков што го познаваме. Пораката која беше адресирана од сите учесници беше дека во моментов во светот AI се разбира погрешно и дека целата анксиозност и страв која се креира од АИ е неоснована. Ниту компјутерите ќе станат попаметни од луѓето ниту ќе го нападнат човештовото (како што е претавено во холовудските филмови) туку АИ е дисциплина која има една цел да го подобри квалитетот на човечкиот живот, да ги намали грешките, да ја зголеми сигурноста и да креира нови работни места. Дури беше комуницирана информацијата дека пресметките се дека до 2022 АИ ќе продуцира дури 58 милиони нови работни места на глобално нивo.

Решенија од област на АИ кои веќе направиле дисрупција и беа дел од конференцијата се: LSTM (од гласовни стимули да се направи транскрипција (основата на Сири, гласовниот превод на Гугл Транслејт, итн), прогноза на временските промени базирана на математичкиот модел на хаос, употреба на виртуелна реалност во story telling итн. Покрај сите овие дисруптивни технолошки решенија најголем впечаток остава вистинската посветеност на тимовиите сето ова да биде ставено навистина во функција на унапредување на квалитеот на сите луѓе и да ги проценат влијанијата кои ќе ги имаат на психичките процеси на луѓето како и социјалното фунцкионирање. Ако треба да се направи сублимација на презентираните решенија е дека АИ треба да го замени човекот во она каде треба да се минимизираат грешки, да се зголеми сигурност, но и да се ослободи човекот од функции каде треба да се изведуваат автоматизирани активности и тоа се со цел да остане повеќе време и енергија на луѓето за да можат да го посветат на социјалната интеракција.

Импала успешно го помина првиот тест и доби крајно пофални зборови за генијалноста на која се базира а тоа е комплицираните биолошки метрики да се направат достапни на толку едноставен, ефикасен и евтин начин. Одреден број на соговорници дури и ја дефинираа Импала како платформа за развивање и засилување на емоционалата интелигенција на луѓето.

Договори за продолжување на разговори за инвестиции постигнавме со претставници на два ВЦ фонда. Останува да се изодат сите чекори.

Насловот на 50тиот Светски економски Форум според мене се оправда во целост. Секако дека човечките грешки се забележуваа и во организацијата на настаните во Давос но, најважно е дека движењето за подобра иднина за човештвото преку напуштање на егоцентризмот и засилување на емпатија се шири.  Зборовите на  Џастин Трудо во потполност се потврдија дека промените денес се многу чести и брзи во поле на технологијата и начинот на живот но, сепак промените на социјално ниво не се доволно брзи.

Заврши Светскиот Економски Форум во Давос, пораката се прати јасно и недвосмислено, сега треба да ги видиме конкретните мерки кои ќе се превземат за да се реализира сето ова.

Си заминав од Давос со уште поизмешани чувства од кога дојдов. Сега ја немаше тремата и нелагодноста, но остана разочарувањето дека немав можност да разговарам со Лоренс Финк а и анксиозноста дали светските лидери ќе се насочат на добросостојбата на секој поединец наместо на задоволувањето на акциониерите и инвеститорите преку акумулација на дополнителен капитал.

Сподели!
- Advertisement -