Ford направи јакна која може да комуницира со емотикони

- Advertisement -

Новата јакна на компанијата Ford има потенцијал да ја подобри комуникацијата на патиштата, особено за велосипедистите, што е многу битно поради се поголемиот број сообраќајни незгоди во кои најмногу страдаат луѓето на велосипед.

За да ја подобри безбедноста во текот на возењето Ford дизајнираше јакна која на задниот дел прикажува емотикони. Протитпот на јакната има ЛЕД дисплеј кој кога ќе се облече јакната се наоѓа на грбот на велосипедистот и безжично е поврзан со воланот. Така, велосипедистот може да дава информации за свртување, потенцијални опасности на патот, но и за сопственото расположение преку емотиконите – среќен, тажен или нешто помеѓу.

- Advertisement -

Ford на јакната со емотикони работел заедно со велосипедисти, а останува да видиме дали од прототип ќе прерасне во производ кој во даде момент ќе се најде на пазарот.

Сподели!
- Advertisement -