Рекордно висока температура на Јужниот пол – дури 18,3 степени

- Advertisement -

Светската метеоролошка агенција соопшти дека аргентинската истражувачка база на крајниот севен ред на Антарктикот пријавила температура која ако биде потврдена, може да биде рекордно висока на овој континент.

Наведувајќи ги податоците од аргентинската база, од Светската метеоролошка агенција изјавија дека е забележана температура од 18,3 степени Целзиусови, со што е соборен претходниот рекорд од 17,5 степени во март 2015 година.

- Advertisement -

Се очекува дека комитетот на агенцијата кој е задолжен за временската и климатската архива да потврди дека новите податоци претставуваат рекорд.

„Се што сме виделе досега укажува на тоа дека ова е легитимен рекорд, но ќе ја почекаме официјалната потврда откако ќе ги добиме сите податоци“ велат од агенцијата.

- Advertisement -

Според податоците на Сметската метеоролошка агенција, антарктичкиот полуостров е меѓу деловите од светот кои најбрзо се загреваат и тоа за 2 степени Целузиусови во последниот половина век.

Околу 87% од глечерите на задниот брег на полуостровот се повлекува во последните 20 години, а најбрзото повлекување е забележано во последните 12 години.

Сподели!
- Advertisement -