Новата година веќе одамна започна и со неа дојдоа многу нови предизвици и можности. Ние во Kaspersky сакаме да им помогнеме на нашите партнери да растат. Сепак, додека растот е битен за многу партнери, исто така е битно да се има стабилни и добри врски со продавачите.
Токму затоа сме пресреќни што можеме да кажеме дека сме многу подобри од сите наши конкуренти според последната анализа за задоволството на купувачите на познатата аналитичка куќа за анализи на пазарот за технологија Canalys. Извештајот покажува дека Kaspersky е на прво место според задоволството, со годишен раст од 7,7% до 75,8%.
Canalys топ 11 резултати
Во извештајот, исто така, се наведува дека Kaspersky расте во програмите за акредитација и специјализација, со годишен раст од 9,9%. Kaspersky исто така е идентификуван како лидер според матриксот за лидери Canalys EMEA Channel Leadership Matrix. Матриксот за лидери ги оценува перформансите на продавачите на сите канали, базирано главно на фидбекот преку каналите.
EMEA Channel Leadership Matrix
Сево ова се случува откако Kaspersky направи целосно „освежување“ на својата партнерска програма, која сега се вика Kaspersky United. Програмата има за цел да ги обедини сите партнери и сета активност на различни канали на едно место лесно за користење.
Долгогодишен Платинум партнер на Kaspersky за Македонија е Кабтел.